Фестивали

Македонија во 2006-та на Евровизија беше претставена од Елена Ристеска со песната „Нинанајна“.

Македонија во 2006 година беше претставена од Елена Ристеска на Евровизија со песната „Нинанајна“ – македонска песна, претставничка на Евровизија 2006 која што се одржи во Атина, Грција, изведена на македонски и на англиски јазик од Елена Ристеска, а биле снимени и двете јазични верзии. Композитор и продуцент на песната е Дарко Димитров, а стиховите ги напишал Раде Врчаковски. Текстот за англиската верзија е на Лерој Чемберс.

Финалето се одржа во студиото на МКРТВ во Скопје на 4-ти март 2006 година, чиј домаќини беа Билјана Драгичевиќ и Зоран Љутков. Победникот беше избран со телефонско гласање, каде Елена Ристеска триумфираше над сите други конкуренти со песната „Нинанајна“.

„Нинанајнa“ е R&B поп-песна која содржи некои диско/танцови елементи. Песната е инспирирана од урбаниот живот, иако текстот на македонски и на англиски има сосема различни значења. Во македонската верзија, Ристеска му кажува на својот љубен дека таа не ги сака љубителите на турбофолк како него. Тој ѝ пеел “Нинанајна” заменувајќи го Еминем со фолк-телевизискиот канал “Планета” и не дозволувајќи ѝ да ги слуша Шакира и Мадона, што е причина тој повеќе да не е вистинскиот човек за неа.

Од друга страна, пак, во верзијата на англиски јазик Ристеска му кажува на својот љубен дека таа ќе стори сè што сака тој (“I’ll open up your fantasies and make your dreams come true” – “Ќе ги разбудам твоите фантазии и ќе ги остварам твоите соништа”), но дека “Ако сакаш нинанајна со мене, ќе ти кажам што да правиш” (“If you wanna ninana with me, I’ll tell you what to do”). И овде се споменува Шакира, иако во оваа верзија Ристеска ветува дека “можам да направам Бијонсе и Шакира да танцуваат за тебе” (“I can make Beyoncé and Shakira dance for you”). На настапот Ристеска била облечена во црвен корсет со мониста и кратки пантолони. Имало и три танчери облечени во секојдневна облека, заедно со две пејачки како придружни вокали кои остануваат зад неа и се приклучуваат при танцувањето на одредени точки. Придружни вокали биле Александра Пилева и Маја Саздановска.

Бидејќи Македонија на Евровизија 2005 година не се пласирала меѓу првите десет, “Нинанајна“ била изведена во полуфиналето. Била единаесетта по ред и добила 76 поени, пласирајќи се на 10 место во конкуренција од 23 песни, со што Македонија трета година по ред се квалификувала во финалето.

Elena Risteska - Ninanajna (F.Y.R. Macedonia) 2006 Final

Во финалето, песната повторно била изведена единаесетта и добила 56 поени, освојувајќи го 12 место, во конкуренција на 24 песни, што значело враќање на Македонија во полуфиналето за следната година. Дванаесеттото место било најдобриот пласман за земјата на Евровизија до 2019 година, кога Тамара Тодевска го освоила осмото место.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: