Фестивали

“Мојот свет” во изведба на Каролина Гочева беше македонска песна претставничка на Евровизија 2007 година

Македонија учествуваше на и Евровизија 2007 во Хелсинки, Финска. Претставникот на Македонија беше избран преку национална селекција, Национален Евросонг 2007, во организација на македонскиот радиодифузер Македонска радио-телевизија (МРТ). Каролина Гочева ја претставуваше Македонија со песната „Мојот свет“, која се квалификуваше од полуфиналето на натпреварот и се пласираше на 14. место во финалето, постигнувајќи 73 поени.

“Мојот свет” во изведба на Карлина Гочева била македонска песна претставничка на Евровизискиот фестивал 2007 година во Хелсинки, Финска. Песната била изведена на македонски, а последниот рефрен на англиски јазик.

Песната ја компонирал Григор Копров, a текстот го напишал Огнен Неделковски, и двајцата со претходно искуство на овој музички натпревар. Каролина, исто така, имала претходно искуство на Евровизија, исполнувајќи ја “Од нас зависи” на Евровизија 2002. Со овој нејзин настап Македонија за првпат откако учествува на Евровизија двапати имала ист изведувач.

Песната е драматична балада што раскажува за моќта на музиката, велејќи дека таа “нема ниту вера ниту граница / Мојот свет се осум ноти / една душа балканска”.

Песната за првпат била изведена на 24 февруари 2007 година, на националниот избор за песна на Евровизија, при што победила со максимални 144 поени од секој од 12-те гласачки региони. Оваа песна била прилично необична во однос на другите песни поради тоа што имала 7/8 такт.

Бидејќи Македонија на Евровизија 2006 не се пласирала меѓу првите десет, “Мојот свет“ била изведена во полуфиналето. Каролина настапила 18-та по ред и добила 97 поени, пласирајќи се на 9 место од вкупно 28 претставници, со што се квалификувала за финалето.

Karolina - Mojot Svet (F.Y.R. Macedonia) Live 2007 Eurovision Song Contest

Во финалето, песната била изведена 6-та по ред и добила 73 поени, освојувајќи го 14 место од вкупно 24 песни, што значело повторно враќање на Македонија во полуфиналето за следниот евровизиски натпревар. Тоа била четврта последователна прилика Македонија да се квалификува директно за финалето, но и овојпат не успеала да се најде во првите десет.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24- содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: