Фестивали

Јана Бурческа му кажа „да“ на момчето кое ја побара за жена за време на одржување на Изборот за песна на Евровизија

Евровизија 2017 беше 62-ри по ред избор за песна на Евровизија каде домаќин беше Украина, по победата на Евровизија 2016. Натпреварот подлежеше на полу-финалиња, како што досега било со две, формат кој е воведен од 2008 година. Датите за Евровизија 2017 беа 9-ти и 11-ти мај (полуфиналиња) и 13-ти мај (финале).

“Dance Alone” (Ќе танцувам сама) е песна на македонската пејачка Јана Бурческа. Песната била интерно избрана да ја претставува Македонија на Евровизија 2017. Музиката и текстот се дело на Јоаким Персон, Алекс Омар, Флоренс А. и Боби-Леон Миланов, кои творат заеднички под името Симфоникс Интернешнл.

Она по кое што ќе се помни настапот на Јана е јавното запросување. Јана Бурческа му кажа „да“ на момчето Александар Филиповски кое ја побара за жена за време на одржување на Изборот за песна на Евровизија. Ова е прво запросување воопшто од кога постои изборот за песна на Евровизија. За жал ниту Бурческа со својот настап не влезе во финалето и не покажа некои поголеми резултати за нашата земја, Македонија, која всушност и ја претставуваше.

Jana Burčeska - Dance Alone (F.Y.R. Macedonia) LIVE at the second Semi-Final

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: