На фејсбук се шири петиција, чии наслов е „Стоп за понижувањата со Евровизија“ 2021 година. Со петицијата се бара Македонската Радио Телевизија веднаш да го повлече настапот на Евровизија 2021. Оттаму излегуваат со неколку тврдења и барања, кои се однесуваат на годинашниот евросонг, околу кој се повеќе излегуваат контроверзи. Еве што се вели во петицијата.
Имено, тие тврдат дека претставникот на овогодинешниот Евросонг Васил Гарванлиев воопшто не ја претставува Македонија. Додаваат и дека Васил Гавранлиев во интервју за Евровизија „случајно“ нагласува дека има бугарско државјанство и дека го добил поради тоа што Струмица е блиску до Бугарија. Од петицијата даваат и политички квалификации.
„Настапот на Васил Гавранлиев изгледа како да е инсцениран во склад со политиките на Зоран Заев, Бучковски и Љубчо со кои се сака да се прифати дека македонскиот народ е создаден по 1944-та година. Во неговиот спот “случајно” некој ги заменил боите од триптихот на Жанета Вангели за да наликуваат на бугарското знаме“, се вели во петицијата.
Како што е познато, македонскиот претставник на песната на „Евровизија“, Васил Гарванлиев, е бугарски државјанин. Во интервју, запрашан за неговото македонско државјанство, Гарванлиев гордо рече дека тој е и државјанин на Бугарија. Гарванлиев, кој е од Струмица, објаснува дека освен што е македонски државјанин, има и бугарски пасош, кој го добил затоа што неговата баба била Бугарка и имала далечни роднини во Бугарија. Гарванлиев вели дека е роден во Струмица, од „другата страна на границата“.
Петицијата може да ја погледнете тука.
Подготви: Редакција Музика24
Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
