Петар Колев од партија ГДУ излезе во одбрана на Васил Гавранлиев.Тој му порачува да не се грижи и оти може само да му се фатат.
Тој вели дека било „фатална” грешка за Гарванлиев да ја каже вистината за потеклото на неговата баба и за неговото бугарско државјанство, кое за жал предизвика низа од реакции.
“Во изминатите години Македонија имаше претставници на Евровизија од речиси сите етнички заедници во земјата и тоа не претставуваше никаков општествен предизвик.Калиопи – Влаинка, Тијана Дапчевиќ – граѓанин на Србија, Адријан Гаџа- Албанец, великанот Есма Реџепова- Ромка и ред други.Денеска, претставник на Македонија е Васил Гарванлиев, човек со богата автобиографија и сериозна музичка кариера, кое по правило би следело да е повод за гордост, но искреноста и чесноста во нашата држава за жал се повод за омраза и навреди.Најпрво се возбудија „душегрижниците” на македонскиот патриотизам од кадар во спотот, кој е всушност уметничко дело, кадар избран од режисерот на самиот видео клип, но тоа воопшто не се укажа како бариера за нивната злоба и искомплексираност.Гарванлиев, можат само да ти се фатат, не си ти виновен за тоа што дел од нашето општество е полно со комплекси, никогаш во животот опера не слушнале, театарот им е мисловна именка, а огромен дел од нашите сограѓани најголемото дело кое го прочитале е Зоки Поки, не бидејќи сакале, а затоа што ги натерале од училиште во прво одделение”, вели Петар Колев од партија ГДУ.
