Музика на кирилица

Гавранлиев влегува во нова афера, провоцирал и на Евросонг 2019

По сите скандали и наводно погрешно сфатени изјави, зарем треба тој да ја претставува Македонија на Евросонг 2021 Пејачот Васил Гарванлиев и во 2019 година, кога и бил придружен вокал на Тамара Тодевска на Евросонг, објавувал провокации. На социјалните мрежи се појави негова фотографија со албанската претставничка на која заедно “летаат орлиња“.

Македонската Радио Телевизија, под притисок на јавноста, допрва ќе одлучува за овогодинешниот претставник на Евровизија. Од јавниот сервис велат дека интерна комисија ја анализира состојбата и деновиве ќе донесе конечна одлука.

„Македонската Радио Телевизија формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот Евросонг. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската Радиодифузна мрежа, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ“, вели Мери Попова, шефица на македонската делегација на Евровизија при МРТВ.

Можеби ќе ве интересира: