Јашар Ахмедовски, еден од ретките пејачи кој успеа да ја зачува својата приватност од јавноста, ретко дава интервјуа, па дури и кога тоа го прави, тој нема желба да открие многу. Сепак, тој ја отвори душата и зборуваше на разни теми, откривајќи многу досега непознати детали од животот. Меѓудругото, тој се сети на неговиот покоен колега Тоше Проески, и откри какви потешкотии имал на почетокот на кариерата.
“По смртта на Ипче, го направив „Ипче фест“ во Лажани, каде дојдоа 30-40,000 луѓе. Дури и Тоше Проески дојде и се пријави на конкурсот, но тој не се натпреваруваше, бидејќи сепак стануваше збор за народна музика, па го исфрлија од конкуренција. Јас не бев во жирито, другите луѓе така проценија. После тоа, поради некои политички превирања во Македонија, тој фестивал исчезна”, рече Јасар во една тв емисија.
