Музика на кирилица

Купете албум од ДНК, на врата ви го носат Панчо и Андреј

Својата поддршка кон домашната музика и уметност воопшто Панчо и Андреј, односно момците од ДНК уште еднаш решија да ја покажат на уникатен начин. Имено, нивниот последен материјал, односно. ексклузивното “The best of” издание како и ДВД изданието од последниот концерт во Метрополис се ставени на продажба и тоа не е се, најинтересно е што фановите од Скопје нарачката ќе ја добијат што се вели на рака и тоа лично од Андреј и Панчо.

“Сите се наоѓаме во исклучително тешка состојба, а нашата дејност е можеби и најпогодената во целава ситуација. Нас како ДНК (Панчо и Андреј) единствената егзистенција ни доаѓа исклучиво преку музиката и поентата на ова наше обраќање не е да се жалиме, бидејќи знаеме и свесни сме дека има семејства, фамилии и луѓе кои се во многу полоша состојба од нашата, туку сакаме да ја подигнеме свеста за ПОДДРШКА на Македонската музика и воопшто уметноста во овој исклучително тежок период за сите артисти преку купување на нашите дела за сите оние физички лица и фирми кои се во можност и кои на некој начин сакаат да не поддржат во овој период. Иако имаме 5 албуми се одлучивме да го ставиме нашиот последен албум “The Best Of” (ексклузивно издание) и ДВД изданието од нашиот последен концерт во Метрополис Арената од 2017-та година по повод 15-от наш роденден.

Изданијата можете да ги купите и нарачате исклучиво онлајн на нашата ФБ фан страна DNK и на нашите приватни ФБ и инстаграм профили @djshortypofficial и @andrejdnk. Доставата ќе биде биде бесплатна низ цела Македонија, а во Скопје ќе бидат доставени лично од нас.

Секаков вид на поддршка од ваша страна ќе ни биде добредојдена, дури и само ако го споделите постот и ја проширите приказната да допре до што повеќе луѓе. Цените на изданијата се следниве:

  • “Најдоброто од ДНК” – 500ден.
  • ДВД – 600ден.
  • “Најдоброто од ДНК” + ДВД – 1000ден.

Ви благодариме однапред на сите и ви испраќаме многу љубов, а наскоро и нови песни. Ваши Панчо и Андреј”, напишаа момците од ДНК на профилот на Фејсбук.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: