Музика на кирилица

Елена Ристеска го прошири асортиманот на својот бренд со гелови за туширање

Македонската поп ѕвезда Елена Ристеска денеска ја почна кампања за новите производи на нејзиниот козметички бренд Era Cosmetics. Се работи за гелови за туширање за жени и мажи, со што ја проширува палетата производи која ја нуди нејзиниот бренд на пазарот. Таа новоста денеска ја сподели на социјалните мрежи, каде објавата ја почна со мислата на познатиот Достоевски: „Ако си успешен во нешто, или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат, или ќе те мразат“.

“Јас немам проблем со ниту едно од трите нешта погоре набројани. Затоа што во најтешкиот период во целиот свет, одлучив да отворам нов бизнис од нула сосема сама и завртев нова животна страница. Продолжувам со уште поголема страст и желба да го градам мојот сопствен бренд за козметика ERA Cosmetics со тоа што денес започнува кампањата за новиот производ ERA Shower Gel for women and for men. Покрај ЕРА парфемите кои се повеќе освојуваат срца и задоволни љубители на парфеми, она што тестирачите на гелот за туширање го коментираа беше дека е нешто вистински вредно, дека буди чувство на мекост додека се користи. Според мене, мирисните ноти на гелот кои се со слична арома како парфемите успеваат да ве однесат на некое егзотично место, тоа беше и целта на тимот. Исто како и во музиката така и секој мирис треба да ве обземе и однесе на некое друго место”, додава Елена.

Можеби ќе ве интересира: