Како што и се очекуваше, за нашиот македонски евровизиски претставник Васил Гарванлиев се заинтересираа и Бугарите, односно, бугарските политичари. А првата реакција доаѓа од политичката партија ВМРО БНД, односно, партијата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, која што е и дел од бугарската влада.

Во денешното партиско соопштение на оваа партија, се вели дека партијата ќе работи на тоа следната година Гарванлиев да ја претставува Бугарија следната година, доколку Македонија го повлече од годинешното натпреварување.
“Ние од ВМРО БНД нема да толерираме засадување на негативни чувства против Гарванлиев, само затоа што не крие дека има бугарски пасош – исто како скоро и 100.000 илјади наши браќа во Македонија. И ако младиот пејач се повлече од конкуренцијата, ќе ја повикаме Бугарија тој да биде испратен како нејзин претставник следната година”, стои меѓудругото во соопштението на партијата.
За тоа дали Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија или не, ќе дознаеме во текот на денов, затоа што Македонската Радио Телевизија и комисијата која што треба да ја донесе таа одлука треба да заседава денес.
Подготви: Редакција Музика24
Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
