Премиера

Миро и Ведрана на Канал 5 од 3-ти aприл во 19 часот

“Нешто ново, необично, кое може да се сретне само по оние вистински странски телевизии, најчесто кај Италијанците, тие се тата-мата за забавни шоу програми. Ова ќе биде тоа, ама на наш македонски начин. Иако звучи нескромно, нема да се пишманите ако бидете со нас секоја сабота и недела на ТВ Канал 5 во вечерниот термин”, велат Миро и Ведрана.

“После долги седум години дојде време за телевизиска промена”, така вели познатиот македонски ТВ-водител (и тв-новинар) Миро Кацаров. Тој заминува од естрадниот магазин “Бекстејџ“ и од ТВ Телма и доаѓа на фреквенцијата на ТВ канал 5, која според него е најгледаната македонска ТВ. Зад Кацаров остануваат многу снимени ТВ-прилози, многу настани, многу интервјуа со многу познати личности. Но, Миро ветува дека сето тоа ќе има продолжение со новата екипа на соработници во новата естрадна ТВ-емисија.

Ама, од април месец на ТВ Канал 5. Единствено не кажува за каков негов (финансиски) трансфер станува збор? Само кусо додава дека така е тоа “кога срцето и разумот заедно ти го кажуваат тоа, тогаш ти си на вистинскиот пат, па затоа преземав чекор каде ќе ни се разделат патиштата“. Тука е и атрактивната Ведрана Ѓорѓевиќ која се враќа на малите екрани по долго време. Миро ќе биде уредник и оној што го има осмислено целиот проект. 

Останува да видите каков гламур доаѓа на Канал 5 Телевизија од 3-ти април кој ќе започнува точно во 19 часот. 

Можеби ќе ве интересира: