Балканленд

Иако Вања беше дисквалификувана, Гранд сепак заработува пари на неа

Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана од натпреварот „Sвездите на Гранд“ по конфликт со член на жирито, Јелена Карлеуша. Сепак, како што стојат работите Гранд сè уште заработува на тоа.
Имено, на официјалниот канал „Sвездите на Гранд“ на ЈуТјуб се појави клипот „Вања Кнежевиќ и Милан Стојчиновиќ – сплет од песни“, кој беше прегледан над 120.000 пати во првите пет дена.

Според податоците на страницата „jutjuber.me“, која се занимава со проценки и статистика на заработка од канали на Јутјуб, Гранд продукција заработила околу 500 евра од овој клип, всушност 100 евра на ден.

Она што исто така се забележува е дека емисиите на натпреварот имаа просечно еден милион прегледи, додека шоуто во кое се случи конфликтот меѓу Вања Кнежевиќ и Карлеуша има околу два милиони прегледи. Значи заработката е двојно поголема.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: