Балканленд

Сопругот на пејачката се обидува да го одземе детето кое започна да се повлекува во себе поради тоа

Пејачката Селма Бајрами и е позната на јавноста пред се по хит-песната „Какво тело има Селма“, но малкумина знаат во каков пекол поминала во нејзиниот приватен живот. Со вториот сопруг се запознала во 2011 година, во клубот каде што настапила. Истата година следеше венчавката и бракот им го донесе синот Дарис. По три години следеше развод, а синот и припаѓаше на пејачката, но тогаш започнува нејзината агонија.

“Набргу по венчавката, мислев дека целата среќа е на моја страна, но јас и сопругот сфативме дека не сме едни за други и решивме да се разведеме за да може нашиот син Дарис да порасне во дом без кавги. Полесно беше да се испланира отколку да се стори, па останав со двегодишно дете и два куфери пред вратата”, рече Бајрами.

Пејачката беше потполно сама во тие моменти, не го знаеше најдобро јазикот и остана без пари. Таа се обиде да одржи нормална комуникација со поранешниот сопруг, но тој реши да и го одземе детето. Селма откри како ситуацијата влијаела на нивниот обичен син, кој започнал да се повлекува во себе.

“Поминав низ страшна агонија. Дарис беше мал, но чувствуваше дека нешто се случува, не му беше јасно зошто повеќе не бевме заедно. Почна да се повлекува и да зборува тешко. Го однесовме кај психолог и за среќа беше утврдено дека има бариера поради двата јазика на кои зборуваше”, истакна Селма.

Селма се обрати и до Агенцијата за заштита на жените во Виена затоа што, како што рече, не можела да ги поднесе бројните пријави до социјалната служба од страна на нејзиниот поранешен партнер.

“Само сакам да се тргне од мене. Пред некој ден, социјалната служба повторно дојде пред мојата врата. Тој измислува нешто нон-стоп, како го оставам детето, како го занемарувам… Кога сум на настап, тој е во сигурни раце, мајка ми се грижи за него. Аплицирав во агенција за заштита на жени, бидејќи веќе не знам како да се бранам од него, постојано ме влечат низ судовите заради неговите неосновани тужби, тој постојано ми праќа социјални служби, веќе не можам да го толерирам тоа. Тој прави сè, заговорници, дури се сомневам, иако не сум стопроцентно сигурна, дека луѓето што ме претставуваа ми предадоа информации на ривалската страна и сега работам на собирање на сите докази. Навистина е пекол, но вие не можете да го видите во мене, јас секогаш сум насмеана и само туркам напред. Јас само ќе им докажам на моите непријатели дека можам да се справам со сите неволји, успехот е нивна најголема казна”, рече таа во признанието за српските медиуми.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: