Музика на кирилица

“Беше и остана некој кој постави стандарди, другар и исклучителен музичар” – Велевска не го заборава Драган Вучич

Нашата најпопуларна фолк пејачка Елена Велевска сеуште не може да се помири со фактот дека нејзиниот другар, колега Драган Вучич го нема. На својот Фејсбук профил таа постираше видео од една од неговите авторски емисии “Некогаш и сега” која се емитуваше на Канал 5 каде ја пее песната “Кога те нема”.

“Беше и остана некој кој ги постави стандардите во телевисискиот етер, другар и исклучителен музичар. Сеуште не верувам дека не напушти… Ова е едно од моите омилени Тв гостувања во емисијата “Некогаш и сега” на Драган Вучиќ”, напиша Велевска

Како за подсетување пејачот, композитор и ТВ-водител Драган Вучиќ почина, а информацијата ја потврди  министерот за здравство Венко Филипче. Се лекувал на Инфективната клиника во Скопје. Извори од болницата велат дека имал компликации од коронавирус. Подолго време бил дијабетичар.

„На Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на Оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските“, објави министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил.

Роден во Скопје во 1955, Вучиќ е автор на  популарни поп песни како „Свирете ја Зајди, зајди“, „Ангели ме носат“, „Заминува, никому ноќва не кажува“, „Кажи ѕвездо“,  а беше автор и на евровизиската песна „Make My Day“, на неговиот син Мартин Вучиќ во 2005. Во 1990-те беше пејач на групата „Кода“.

Изминативе години, Вучиќ беше популарен како водител на квизовите „Вашите пет минути“, „Возење со Вучиќ“, „Среќни луѓе“, a последна емисија му беше „Гурмански приказни“ што се снимаше со пејачи, актери и уметници низ балканските земји. Неговата сопруга Весна е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасоски, а син му Мартин е пејач и директор на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“.

А како звучи “Кога те нема” во изведба на Велевска слушнете во продолжение:

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: