YouTube Трендинг е категорија резервирана само за највлијателните. Youtube ги филтрира видеата низ различни алгоритми, а потоа им ги презентира на корисниците како крајна листа во категоријата „трендинг“.
Трендинг на YT не е само големиот број на прегледи, бидејќи постојат многу видеа со милиони прегледи, кои никогаш не биле во категоријата трендинг. Зошто се случува ова? Ова е затоа што трендингот на YT не се однесува само на бројот на прегледи. Трендингот на YT всушност има многу голем број на различни фактори кои влијаат на тоа дали видеото ќе заврши во трендинг или не.
Трендингот им помага на гледачите да видат што се случува на YT и воопшто во светот. Некои трендови се предвидливи, како нова песна од најпопуларните пејачи или трејлери за филмови, а некои се изненадувачки, како виралните видеа. Трендингот всушност ја фаворизира квалитетна содржина, за да им овозможи на корисниците полесно да дојдат до неа.
Како да се влезе во трендинг?
Според некое непишано правило, трендингот има тенденција да ги фаворизира видеата кои се: погодни за голем број на гледачи (family friendly), имаат примамливи насолови, сензационални, поврзани со актуелна тема, изненадувачки, освежувачки, креативни, едукативни и не се негативни.
Трендингот се стреми да ги балансира сите овие критериуми. За да се постигне ова, трендингот на YT зема предвид многу сигнали, вклучувајќи (но не се лимитира на):
✦број на прегледи
✦текот на раст на бројот на прегледи
✦од каде доаѓаат прегледите
✦датумот на видеото
Ова значи дека видеото со најмногу прегледи во даден ден можеби не е #1 на тренд, а видео со помалку прегледи може да се прикаже над видеото со повеќе прегледи.
Дали е можно да се „купи“ место во трендингот?
YT не прифаќа никаква уплата на пари за да поставите видео во категоријата трендинг, ниту пак им дава предност на оние кои плаќаат за рекламирање на YT. Исто така не фаворизира одредени креатори и листата ја креира целосно објективно, иако некои јутубери не се согласуваат со тоа.
Во 🇲🇰 трендинг често преовладуваат 🇷🇸 и 🇦🇱 видеа, затоа СЛУШАЈТЕ И ПОДДРЖЕТЕ 🇲🇰 МУЗИКА ❗️
Доколку имате проблем со промоцијата на бизнисот на Instagram, не ви е среден профилот, не знаете како да дојдете до вашата целна група или генерално не знаете како фукционира Instagram за бизнис цели, E-Book е буквално водич со чија примена ќе добиете резултати. Сè што ве интересира ќе го најдете на едно место, а доколку имате некои прашања може слободно да ги поставите.
Може да го нарачате во DM или преку e-mail [email protected]
До истиот имате пристап само преку вашиот e-mail засекогаш, а во иднина кога ќе се унапредува/ажурира секогаш ќе ја добиете најновата верзија.
Автор Дигитален Свет
