Фолк пејачката Елена Велевска и покрај тоа што е во осмиот месец од бременоста не мирува и не ја запоставува кариерата. Деновиве направи фото сесија по теркот на холивудските диви кои се сликаат во блажена состојба. Фото сесијата ја работеше тим од нејзината “ЕВ продукцијa”, а истата е направена во Охрид. Ексклузивно за музичкиот портал Музика24, Велевска открива како ќе ја крсти ќеркичката:
“Размислувавме многу за името, ги малтеритавме сите блиски (се смее) да ни предложат име, но сепак пресуди предологот на свештено лице и решивме името да биде Калија. И јас сакам нешто по различно и не толку често име, ми се допадна мене и на сопругот и одлучивме така да ја крстиме. Јас не можам да мирувам, хиперактивна сум, но имам добра бременост која не ми предизвикува потешкотии, цело време сум во движење. Периодов одлично ми дојде малку да одморам, па можеби кога ќе се вратам хаосот кој во моментов владее на фолк сцената ќе се среди”, изјави Велевска за Музика24. Последно од Велевска е миксот кој го сработи за песната “Господине анонимен” кој во периодов кој доаѓа ќе го промовира. Ние од Музика24 и посакуваме лесна бременост и што побрзо враќање на музичката сцена, бидејќи пејачка Велевска недостасува на фолк сцената.
Подготви: Редакција Музика24
