Српскиот фолк пејач Аца Лукас најавува спектакл што гледачите ќе имаат можност да го гледаат секоја недела од 19:45 на телевизијата Hype.
“Драги мои, очекувајте го неочекуваното без пардон и без извртување, секоја недела од 19:45, Ве чека Аца Лукас на телевизија Hype”, вели Лукас во најавата.
Лукас решил да ја реализира оваа идеја сега, а за неа размислувал скоро една година.
“Аца не е од оние што ќе седат со скрстени раце и ќе чекаат да помине сето ова. Наместо да ги троши своите заштеди на годишни одмори и патувања, тој одлучи да инвестира во својата пејачка кариера па сними албум, а сега и ТВ проект. Планот беше направен минатата година, а сега конечно дојде време Аца да го реализира”, брифира извор близок до пејачот.
Подготви: Редакција Музика24
