На Новите гробишта во Белград беше погребан познатиот српски пејач Предраг Живковиќ – Тозовац. По комеморацијата во „Комбанк дворана“, пејачот беше погребан во Алејата на заслужните граѓани. Тозовац беше погребан во истата гробница во која неколку години претходно беа погребани актерот Велимир Бата Живојиновиќ и неговиот колега и пријател Предраг Гојковиќ – Цуне. Според праксата на управата на гробиштата во ваквите гробници се погребуваат по 4 покојници.

Пејачот беше испратен на вечен починок со песните „Виолино не свирај“ и „Јесен у мом сокаку“. Помеѓу колегите кои дојдоа да го испратат до вечниот дом беа: Неда Украден, Цакана, Мерима Његомир, Ера Ојданиќ, Ацо Пејовиќ итн.
Видео: alo.rs



