Популарната група „Фрајле“ остана без една од четирите членки. Имено, Марија Мирковиќ донесе одлука да го напушти популарниот бенд. Со што „Фрајле“ од сега ќе настапуваат како трио во состав Наташа Михајловиќ и сестрите Невена и Јелена Буча. „Фрајле“ на нивниот официјален Инстаграм профил објави видео во кое ја известуваат јавноста дека Марија ја напушта групата.
„После 12 години прекрасно пријателство, дружење и многу концерти. Донесов тешка одлука да ја напуштам групата. Причината е мојата деловна обврска што моментално ја имам и поради која не можам да бидам во групата. Нема расправии или скандали, се разделуваме во мир за љубовта да преживее, тоа е најдобрата одлука за сите нас“, вели Марија.
Подготви: Редакција Музика24
