Евровизиските клубови од организацијата ОГАЕ периодов гласаат со цел да го изберат фаворитот на ОГАЕ од годишната селекција на Евровизија. Оваа година, 43 клуба ширум Европа, Австралија и остатокот од светот ќе го изберат својот победник. Гласовите на сите клубови ќе бидат откриени во две групи. Првата група ќе ги открива своите резултати секој ден од 13-ти април до 2-ри мај, на 7-ми мај пак гласовите на втората група на клубови од ОГАЕ ќе бидат објавени во видео.
Досега се објавени резултатите од 6 клубови на ОГАЕ: Холандија, Летонија, Албанија, Унгарија, Бугарија и Србија, а во наредните денови клубовите од: Австралија, Белгија, Кипар, Чешка, Франција, Германија, Израел, Луксембург, Малта, Македонија, Полска, Португалија, Словенија и Шпанија се очекува да ги соопштат своите гласови.
Ова се резулатите од гласањата во споменатите 6 клуба:
Швајцарија – 58 бода
Франција – 41 поен
Малта – 40 поени
Литванија – 37 поени
Кипар – 33 бода
Сан Марино – 31 поен
Италија – 24 поени
Шведска – 18 поени
Хрватска – 13 поени
Азербејџан – 10 бода
Финска – 8 бода
Украина – 8 бода
Романија – 7 поени
Исланд – 5 поени
Грција – 4 бода
Естонија – 4 бода
Србија – 4 бода
Израел – 2 бода
Русија – 1 бод
Албанија – 0 поени
Австралија – 0 поени
Австрија – 0 поени
Белгија – 0 поени
Бугарија – 0 поени
Чешка – 0 поени
Данска – 0 поени
Грузија – 0 поени
Германија – 0 поени
Ирска – 0 поени
Летонија – 0 поени
Молдавија – 0 поени
Македонија – 0 поени
Норвешка – 0 поени
Полска – 0 поени
Португалија – 0 поени
Словенија – 0 поени
Шпанија – 0 поени
Холандија – 0 поени
Велика Британија – 0 поени
ОГАЕ (Organisation Générale des Amateurs de l’Eurovision) е невладина, неполитичка и непрофитна организација која ги обединува националните евровизиски навивачки клубови. Во 1984 година првиот клуб ОГАЕ беше основан во Савонлина, Финска. Најголемата организација на навивачи на Евровизија има филијали во 42 земји и секоја година од 2007 година сите гласаат за свој фаворит на Евровизија.
Извор: escbubble.com
