Антологиската „Кога те нема“ со која убавата словенка Хелена Благне, победи на „Макфест“ во 1986 година, со сигурност е една од најубавите македонски песни. Хелена на „Макфест“ победи на свои 23 години. 35 години подоцна Хелена иако е длабоко во шестата деценија на животот, сеуште изгледа младешки свежо. Дали се прашувате која е вистинската рутина за убавина? Производите за нега на лице станаа топ тема во последниве години каде има безброј правила и бесконечни чекори што би требало да Ве доведат до сјаен и младешки изглед. Толку многу различни производи и совети сепак доведоа до целосна конфузија.
Затоа, време е да ги поедноставиме правилата за тоа како да добиете свежа и негувана кожа на лицето. Формулата за тајните на утринската и вечерната нега ја открива кралицата на музичките сцени Хелена Благне, која заедно со словенечката фармацевтска компанијата АстраВита ја развија козметичката линија за нега на лице Hell 1 by Helena Blagne.
„Исполнет работен распоред и непроспиени ноќи доведоа до стресни ефекти врз мојата кожа. Затоа, и давам сè што и е потребно, бидејќи имам респект кон себе и кон својата публика. Задоволна од мојата кожа, полесно се справувам со деловните и личните предизвици. Со текот на годините дознав што сакам да споделам со Вас, како би биле задоволни од вашата кожа“, раскажува Хелена.
Правило бр. 1 за Хелена е: Помалку е повеќе!
„Во еден момент потклекнав на трендот дека морам да имам еден куп различни производи во бањата, што за жал не ги донесе посакуваните резултати на мојата чувствителна кожа. Самата помисла дека треба да нанесеме неколку слоеви серуми и креми на лицето за да го започнеме денот, може да нè одврати. Ние ги поедноставуваме сите овие чекори, ја чистиме бањата од непотребни шишиња и креми и избираме два или три клучни производи кои ни нудат сè што и треба на нашата кожа. На овој начин, вашата бања ќе биде чиста, без производи од пред неколку години, чиј рок веројатно истекол. Како и да е, кожата ќе се олесни, затоа што нема да нанесете толку многу слоеви на различни производи, и на крајот ќе заштедите многу пари со купување на вистинските производи.“

Правило бр. 2: Лесен рецепт за утринска нега на кожата:
Веројатно не сакате да губите премногу време наутро со нега на кожата и претпочитате да заштедите малку време за да уживате во утринското кафе или чај. Започнете го денот со миење на лицето со ладна вода која ќе разбуди. Неколку прскања на лицето ќе обезбедат добра циркулација на крвта. Веднаш после тоа, испијте поголема чаша малку потопла вода, на која можете да додадете капка лимон. Хидратацијата на вашата кожа е загарантирана и време е да го нанесете природниот дневен хидратантен крем hell1, кој е наменет за сите типови на кожа и сеопфатна нега на Вашето лице. Нанесувањето дневна крема за регенерирање е исклучително важна бидејќи ја штити вашата кожа од надворешно влијание на животната средина во текот на денот и се грижи за нејзината хидратација. Со дванаесет избрани природни растителни екстракти, ќе го заштитите лицето од надворешни влијанија, предвремени брчки, ќе го регенерирате и ќе го забавите стареењето на кожата.
Правило бр. 3: Завршете го денот со вечерна рутина !
По напорниот ден, одвојте неколку моменти за себе. Смирете ги мислите и одвојте неколку минути со вечерно релаксирање. Кога имате време, почастете се со релаксирачко туширање, прочитајте добра книга или едноставно уживајте гледајќи ја омилената серија. Но, пред тоа, не заборавајте на своето лице. Хелена вечерната рутина ја започнува со темелно отстранување на шминката. Овде нема простор за површност, треба да сме сигурни дека нашата кожа е навистина чиста пред да нанесете ноќен крем hell1. Дилемата за одвојување на дневниот и ноќниот крем е сè уште присутна. Ние често се шегуваме за тоа како кожата знае кога е ноќ и кога е ден. Експертите одамна докажаа дека нашата кожа се однесува поинаку дење и ноќе. Затоа е важно навечер да и се обезбедат соодветни хранливи материи, кои и требаат преку ноќ за правилно да се регенерира и храни. Ноќниот крем Hell1 by Helena Blagne со внимателно избрани природни масла, екстракт од зелен чај, витамин Е и хијалуронска киселина најдобро го подготвува вашето лице за ноќна регенерација.
За крај да се потсетиме на „Кога те нема“, песната со која Хелена победи на првото издание на „Макфест“ во 1986 година.
Подготви: Филип Етмишовски
