Музика на кирилица

Новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго “растури” на “Канео фест”

Новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго викендов на музичкиот фестивал “Канео фест 2013”, во Охрид освои Гран При. Ја изведе романтичната музичко-поетска песна “Убавецот мој”, во придружба на женското гитарско дуо “Бона Деа” и композиторот и аранжер на песната Ристо Апостолов. “Убавецот мој” е создадена по идеја на текстописецот Цане Трајчески, кој на фестивалот освои и награда за најдобар текст. Валентина со “Убавецот мој”  ја освои и третата награда од жирито во кое беа директорот на Тв Морис Јован Трпески, познатата Снежана Хаџинаумова Липковска, менаџерот и поет од Америка Бошко Рајчовски- Пелистерски, адвокатот Светозар Ристевски и други менаџери и музичари.

“Верував дека магијата и романтиката на песната “Убавецот мој” совршено ќе се вклопи во магичниот охриски амбиент, овој пат на Долни Сарај, а јас и екипата почестени сме од највисоката награда на фестивалот и приемот од публиката”, вели Парго. Таа сними и спот во реализација на Стевче Дечев, во студиото Епајр во Скопје, во кој се појавуваат Бона Дена, Ана Николовска водителката од Скај нет, стилистот Даниел Николовски и неколку други млади таленти.

Инаку, на фестивалот беа изведени дваесеттина песни, и народни и забавни пејачи. Гран При во фолк делот, како и трета награда од жири освои Петар Нечовски. Од познатите фолк пејачи настапи и Виданка Георгиева. Уметничкиот директор на фестивалот беше Кристина Алексиеска. Телевизија Морис во соработка со Црвениот крст од Охрид ја организираше оваа музичка вечер, а собраните средства ќе бидат донирани во Црвен крст од каде ќе бидат распределени таму каде што има потреба.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: