Популарната српска пејачка Николија, кон крајот на претходната година го лансираше својот моден бренд „About me“. Имено, Николија реши да го искористи вишокот време кој настана поради пандемијата на најдобар можен начин. Па таа и нејзината сестра Теодора го лансираа брендот „About me“. Брендот на почетокот понуди колекција од плишани тренерки во бело, розево, кралско сино, беж и црно. Нешто подоцна асортиманот се збогати со плишан топ, а од неодмана во понудата се женски дуксерки. Со оглед на тоа што зад себе има огромна армија обожаватели во целиот регион, поради нејзината музика, брендот веднаш наиде на голема поддршка.
“Долго размислував за тоа, но немав време. Така да друга предност на короната е што имав време да и се посветам на креирање. Теодора студира меѓународен бизнис па ми помогна во оперативниот дел, додека јас бев задолжена за креативниот дел. Мислам дека сме добра комбинација”, вели Николија.
Николија е позната по лежерниот стил, што беше инспирација за нејзината прва колекција, а како што вели, ќе го понуди само она што би го носела и таа.
“Кој ме знае, знае дека живеам во тренерки. Понекогаш дури и настапувам. Во 2021 година, почесто ќе настапувам. Сите во моето семејство, како и сестра ми и јас, обожаваме плишани тренерки, а веќе подолго време нема каде да купиме квалитетна кадифена тренерка. Затоа дојдовме до идеја едноставно да ги направиме. За наша среќа, плишот е повторно во мода, тоа воопшто не го очекувавме и тоа е само плус за продажба. Дефинитивно ќе правам работи што би ги носела и јас”, додава Николија.
Плишаниот сет, плишаниот топ и дуксерката се со уникатен и иновативен дизајн, кој ќе Ви даде пријатно чувство кога и да ги носите. Изразете го урбаниот изглед со клучни детали што ги прават производите на овој бренд уникатни. Изберете да носите нешто што ќе направи да се чувствувате урбано, модерно и подеднакво пријатно.

Наскоро ќе бидат претставени новите модели од колекцијата пролет/лето. Периодов исто така се работи на проширување на дистрибуцијата во земјите на регионот, вклучувајќи ја Македонија. Креациите на Николија се достапни за продажба на територијата на Србија, Македонија и цела Европа преку веб-страната aboutme.rs. За купување од Македонија и регионот, плаќањето е можно само со платежни картички.
Подготви: Филип Етмишовски
