Музика на кирилица

Благој Блаж Маротов со преработката на “Дејгиди луди млади години” и го честита Велигден на својата публика (Видео)

Еден од попознатите македонски поп пејачи Блаж Маротов, истовремено музичар, инструменталист и автор, по повод најголемиот христијански празник Велигден, со неговото најново музичко дело обработката на песната “Дејгиди луди млади години” ви го честита овој најголем празник и ви посакува се најдобро.

Песната е дел од албумот “Класика М”, снимена во студио БиМ. Гости на проектот се моите ценети пријатели и другари, Милан Завков – мојот кум, Илија Филиповски – кум на мојот син , Александар Тренкоски, Трајче Ристов, Војче Петрушев, Бојан Маротов, а придружни вокали Лена Заткоска-Маротова и Јуле Маротова. Продукцијата на видео записот е на “Валови”, а во него учествуваат и дечињата Габриел, Лео, Луна. При изборот на песни во мојот циклус “Класика М” повеќе се држам до убави македонски песни, кои и мене ми се при срце. И “Дејгиди…” е една од тие. Многу сум среќен за оваа обработка, при снимањето на видеото, а и воопшто, имавме многу убава енергија, која се чувствува и во самиот видео запис. Уште посреќен сум што претставувањето на оваа песна и спот се совпаѓа со големиот македонски празник Велигден, а официјалната промоција беше денеска на Македонската телевизија, изразувам посебна благодарност до уредништвото во МТВ. Благодарност и до сите други медиуми за целокупната поддршка, телевизиите ќе имаат можност да го имаат мојот запис аудио-видео, и секако повеќе да позборуваме пред камерите, за оваа бесценета песна, која јас ја преработив”, вели Маротов, и воедно најавува и нови преработки.

Како звучи обработката на Маротов на овој познат македонски хит, слушнете и видете во продолжение:

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: