Магазин

На музички фестивал во Вухан 11.000 луѓе

На првиот ден од мај, Меѓународниот ден на трудот, кој во Кина масовно се слави, луѓето танцуваа, скокаа и воодушевуваа додека некои од нивните омилени музичари излегуваа на сцената, јавија локалните медиуми.

Дводневниот фестивалот се врати во Вухан по едногодишна пауза поради пандемијата на Covid-19, а организаторите изјавија дека публиката е ограничена, додавајќи дека присуствувале 11.000 луѓе. Некои од гледачите носеа маски, но многумина не, пишуваат медиумите.

На дводневниот настан настапуваат познати и помалку познати локални пејачи и бендови на три сцени во Вухан Гарден Експо паркот.

Можеби ќе ве интересира: