Фестивали

Од денес до сабота, фестивал на свежа домашна музика во МКЦ – Скопје

Oд денес до сабота (6-ти, 7–ми, 8-ми мај) во МКЦ ќе се одржи деветтото издание на фестивалот „Земјотрес“. Ќе настапат: Дина Јашари и „Перија“ (6-ти мај од 19 часот), „3ject“, „The Local Blue“ (7-ми мај од 19 часот), „Александар Велики“, „Кантон6“ (8-ми мај од 19 часот).

Билетите се строго ограничени и достапни по цена од 200 денари на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk. Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален (70 седишта), носењето маски е задолжително за време на целиот настан. Фестивалот е поддржан од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира: