Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени нови мерки, кои претходно биле предложени на Главниот координативен кризен штаб. Истите се донесени врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.
Помеѓу петте олеснувања, Комисијата дозволи органзирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет. Другите олеснувања се однесуваат на полицискиот час, угостителските објекти, фитнес центрите, градинките итн.
