Фестивали

„Егзит“ овозможи купување влезници со биткоин

Фестивалот „Егзит“ се приклучува на глобалната крипто-револуција како прв голем фестивал во светот што овозможува купување билети преку биткоин. Оваа иновација во бизнисот ќе го направи прославувањето на 20-годишнината од фестивалот уште попосебно. Јубилејното издание што ќе го одбележат и настапите на десетици големи светски имиња како Дејвид Гета, Тајга, Асаф Авидан итн.

– „Потенцијалот на блокчејн, дигитална размена и валута е возбудлив и сакавме да бидеме сигурни дека сме лидери во нашата област и дека користиме нови технологии, со што сме во состојба да бидеме во тек со нашата технолошки писмена публика и технологијата во развој.“ – вели директорот на „Егзит“, Душан Ковачевиќ.

Имајќи предвид дека плаќањето со биткоин не е регулирано со законите на Република Србија, нема да може да се плаќа во барови и други продажни места во рамките на фестивалот, туку само купување на ВИП билети преку Интернет. Процесот е едноставен. Кога клиентите ќе изберат ставка која сакаат да ја купат во веб-продавницата, тие ќе ја видат опцијата „Плати со биткоин“, исто како што постои опцијата „Плати преку картичка“. Потоа, тие ќе добијат QR-код за скенирање преку нивната апликација за биткоин, а откако ќе се изврши плаќањето и се потврди, клиентот ќе ги добие сите купени артикли

Можеби ќе ве интересира: