Балканленд

Наскоро мултимедијална автобиографија на „Фрајле“

Во следните 2 недели во продажба ќе биде пуштена автобиографска книга за познатиот музички состав „Фрајле“. Се работи за мултимедијална автобиографија со две лица, фотографии + QR код со видео материјали од кариерата на квартетот. Автор на книгата „Како сам постала Фрајла“ е Јелена Буча, една од трите Фрајли.

„Ќе дознаете што ни се случуваше зад сцената, на тркала, за овие 12 години. Се подготвува онлајн продавница, која ќе биде отворена за купување на книгата во следните две недели.
Посебна благодарност до сите луѓе кои беа дел од овој проект и без кои оваа книга немаше да биде можна“, се вели во најавата.

Книгата се подготвува веќе неколку години. Јелена Буча во интервју за Музика24 од 2019-та година изјави:

„Јас всушност ја покренав оваа идеја. Ние сега со пријателите си прераскажуваме случки од нашата кариера и ги запишуваме. Па сето тоа со фотографии ќе го документираме во нашата книга“.

„Фрајле“ се на сцената веќе 12 години. До минатиот месец настапуваа како квартет, а по напуштањето на Марија Мирковиќ ќе продолжат како трио во состав: Јелена Буча, Невена Буча и Наташа Михајловиќ.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: