Балканленд

ЕМОТИВНО: „Фрајле“ му посветија песна на Ѓорѓе Балашевиќ (Видео)

Песната наречена „Панонскиот морнар“ денеска “заплови“ во етерот. Познатите „Фрајле“ од Нови Сад објавија нов сингл, песна посветена на нивниот сограѓанин Ѓорѓе Балашевиќ.

Како што објаснуваат девојките, ова е посебна песна во која тие вложиле многу љубов.
-„Таа песна е многу посебна за нас и многу, многу важна. Ние пораснавме со музиката на Балашевиќ. Нашите први спомени од детството, семејни дружења, првите љубови, свирењето гитара, се поврзани со неговите песни. Тој беше нашата куќа, а оваа песна ја напишаа оние девојки кои се смееја и танцуваа по неговиот ритам. Имавме одличен учител и сакаме со песна да му кажеме благодарам за сè.“

https://www.youtube.com/watch?v=U663YwDKVys

Можеби ќе ве интересира: