Балканленд

Забава од 15 илјади евра за првиот роденден на малиот Жељко Ражнатовиќ

Првиот внук на фолк дивата Цеца, малиот Жељко, денес (3-ти јуни) го слави својот прв роденден, а семејството се обиде да му подготви незаборавна прослава, за која наводно ќе плати 15.000 евра.

Семејството Ражнатовиќ, наводно, ќе го прослави роденденот на најмладиот член со пријателите и семејството, а Цеца, во договор со Вељко и Богдана, избра ресторан за прославата, а исто така се консултираше и за декорациите, кои ќе бидат од детска тематика и со многу балони и други ситници. Сепак, тие мораа да го намалат бројот на гости поради моменталната епидемиолошка состојба, но ќе присуствуваат нивните најблиски роднини и пријатели. Меѓу избраните гости со сигурност ќе бидат сестрата на Цеца, Лидија и зетот Предраг Оцкоjиќ со децата, сестрите на Богдана, тетката Анастасија со момчето но и неколку семејни пријатели на Ражнатовиќ, колеги, соработници и јавни личности со кои се дружат.

Според извор близок до пејачката, Цеца не штедеше кога е во прашање прославата, со оглед дека станува збор за елитен ресторан за кој дала околу десет илјади евра за закуп на ресторанот и кетеринг. За украсување, аниматори за деца и други ситни детали одвоила околу три илјади евра. Бидејќи е роденден, во поголема мера нема да има алкохол, па Цеца дала околу илјада евра за пенливи вина за наздравување. За кондиторски производи и тортата која ќе биде гламурозна и голема ќе се потрошат уште илјада евра. Со тоа прославата достигна минимум 15.000 евра.

 

 

Можеби ќе ве интересира: