Музика на кирилица

Кристина Арнаудува… мајка, сопруга, а сепак сеуште млада и убава

Додека некои од вас го очекуваат денот за да заминат на заслужениот летен одмор, нашата позната поп пејачка Кристина Арнаудова беше и се врати. Иако е мајка, сопруга… сепак таа сеуште има време да посвети на самата себе си, а тоа го докажуваат и фотографиите кои таа неодамна ги објави на својот фејсбук профил истовремено пишувајќи го статусот:

“Назад во нашата реалност… Моренце мило ќе ни недостасуваш… Ајде сега да се фаќаме за работа…”.

Кристина пред извесно време ја пушти во етер убавата и интересна преработка на песната “Да си мерак песна”, песна снимена во соработка со Васил Хаџиманов. Оваа позната легендарна песна беше за прв пат изведена на фестивалот за забавни мелодии “Макфест” од страна на Бисера Велетанлиќ, далечната 1987-ма година.

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: