Како што веќе ве информиравме, после пауза од девет месеци првиот концерт на Авалон Продукција ќе биде едно вистинско емотивно доживување, со „Рибља Чорба“, на 27-ми јуни пред платото на А1 арената. Согласно постоечките протоколи за одржување на настани на отворено, во продажба ќе бидат пуштени само 2.500 влезници (иако на локацијата собира 6.000 посетители) и тоа во понеделник на 14-ти јуни од 9 часот наутро.
Влезниците по цена од 600 денари ќе може да ги набавите преку продажната мрежа на Авалон Продукција, Југотон во ГТЦ, цвеќарница „Розе“ Веро 2 и онлајн на avalon.mk. Влезниците ќе бидат во строго ограничен број, а бидејќи уште од самата најава, очекувано владее голем интерес, ви советуваме да си ги набавите вашите билети во првите продажни денови.
