Фестивали

Извонредните грузијци „Murman Tsuladze“ на „Здраво млади“

„Murman Tsuladze“ ги обединува француската електроника, африканските ритми и нивните грузиски корени. Минатата година објавија видео за „La Flemme de Danser“, кое според „Quietus“ го доловува нивниот природен хумор и нивниот бунтовен дух додека излегуваат на улиците на Париз да танцуваат меѓу полицијата и демонстрантите.  

А Владица Младеновски – Грга (координаторот на фестивалот) додава: „Мурман е тврдоглав/камен, Мурман ги држи најбујните веѓи на сцената, Мурман е артист, шармантен поет, но исто така и шиткач на летечки килими, одметник, астронаут, киднапер и спасител на женските срца воедно. Мурман е фудбалер, емигрант, карпа-човек. Во придружба на првиот сопруг на неговата тетка Zauri de Makhtchkala и другар од детството Krikor Berdzenishvilli конечно решава на светот да му ја раскаже својата животна приказна на свој уникатен начин, на грузиски јазик. Мурман е роден помеѓу Црното и Каспиското море, во земја која повеќе не постои. Денес Мурман e стациониран во градот на љубовта, светлината, модата, утре којзнае каде ќе е… Во август Мурман за прв пат ќе е во Скопје, градот на Вардар, градот на… Вардар“. 

Тие се придружуваат на „Viagra Boys“, „Shortparis“, Noga Erez и „ИСКРА!“ Билетите (за двата фестивалски денови) се достапни на билетарницата во МКЦ и online преку www.bileti.mkc.mk.

Можеби ќе ве интересира: