Камерниот оркестар на Битола најавува вистински спектакл на Ракометното игралиште во Битола на 7-ми, 9-ти и 11-ти јули. Легендите на југословенскиот рокенрол: Аки Рахимовски и Дадо Топиќ ќе бидат главните ѕвезди на концертот „Рок симфонија“ на 7-ми јули. Два дена подоцна, Сергеј Четковиќ и Хари Варешановиќ ќе настапат на конертот „Поп симфонија“, а за последниот концерт – „Електро симфонија“, од Бугарија доаѓа Маги Џанаварова, Love Itoya од Грција и DJ Terry Francis од Велика Британија.
На Камерниот оркестар и гостите од регионот, ќе им се придружат и 20-тина македонски артисти. На концертот „Рок симфонија“ ќе настапат: Дани Димитровска, Михајло Трајковски, Бранислав Николов, Жарко Јакимоски, Наташа Миха, Сашо Паркет, Ирена Димовска и Елена Стојчевска. На „Поп симфонијата“ ќе настпат македонски музички ѕвезди: Елена Ристеска, Ѓоко Танески, Дарио, Димитар Андоновски и Мијата. Љубителите на електро звукот ќе имаат прилика да уживаат во изведбата на: Виктор Апостоловски, Дина Јовановска, Наде Талевска, Рената Кралевска, Сара Гигова, Мартина, Огнен Димовски и Стефанија Милевска.
Влезници во строго ограничен број се достапни на https://bileti.mk.
