Уште една убава вест овој пат доаѓа од Дојран. Познатиот „Д фестивал“, годинава ќе се одржи на 13-ти и 14-ти август.
„Драги Д пријатели, неизвесноста со пандемиската состојба е секојдневен предизвик во цел свет поради кој нашите првично посакувани датуми за годинашното издание се нереални за продукција на настан како нашиот, но среќни сме дека конечно имаме услови да ја потврдиме новата Д-дружба! Веќе доволно бевме разделени, а плус тоа ова лето означуваме и цела деценија од нашата прва средба. Сите детали ќе ги објавиме многу скоро и почнуваме веднаш. Бидејќи приоритет сте ни токму вие, посетителите на Д Фестивал, оваа информација ја објавуваме прво тука, а потоа на сите наши останати комуникациски канали. Ви благодариме за трпението во сета неизвесност.“ – велат организаторите.
