Фестивали

„Скопско лето 2021“: Современата музичка драма „Само глас“ на 7-ми јули во МНТ (Фото)

Македонскиот народен театар во рамки на годинашното 42. издание на манифестација „Скопско лето“ ќе учествува со две претстави. Првата од нив, меѓународниот проект „Отело“ од Вилијам Шекспир, во режија на Нина Николиќ се одигра вчера вечер, на големата сцена во МНТ.

Втората претстава пак, е комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од авторката Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото.

Во улогите на Таа и Тој играат првенците од ансамблот на Македонскиот народен театар, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ. „Само глас“ својата премиерна изведба ја имаше на 26-ти мај оваа година.

Оваа претстава е закажана за 7-ми јули. Билетите за изведбите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.

Можеби ќе ве интересира: