Во прв ред

После многу години, Бајага повторно во Битола (Фото)

Авалон продукција после долго време ги спојува Бајага и Битола заедно. Како што ни потврди и самиот Бајага, тој навистина многу години нема дојдено со своите „Инструктори“ во Битола, а верувале или не, исто како и во античкиот тетар во Охрид, за прв пат во својата навистина богата кариера ќе настапи во Хераклеа во Битола.

Концертот ќе трае околу два ипол часа, и се разбира дека ќе бидат изведени многу од големите хитови на Бајага и Инструктори. Влезниците во продажба ќе бидат пуштени веднаш од утре во 09:00 наутро, по цена од 600 денари, во ограничен број и истите ќе може да ги набавите преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија, Југотон во ГТЦ, цвеќарница „Розе“- Веро 2, продажните салони на Литература.мк и онлајн на www.avalon.mk.

Можеби ќе ве интересира: