Во ракми на “Скопско лето 2021”, а по долга пауза поради пандемијата со коронавирусот, утре 3-ти јули (сабота) со почеток од 11 часот на Школка во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Ова ќе биде 18-то издание на фестивалот, на кој ќе бидат промовирани единаесет нови песни. Водител на настанот ќе биде фестивалската маскота „Поки“.

Организаторите, „Пап продукција“, информираат дека во услови на пандемија изминатите месеци морало да се ограничи бројот на деца учесници. Влезот е бесплатен, а фестивалот ќе биде организиран согласно протоколите за заштита од Ковид-19.
