Фестивали

Стартува “PrespaLand 2021”

Со низа активности и концерти, овој викенд во Преспа ќе започне првиот мултимедијален фестивал посветен на овој регион, на традицијата и историјата – “PrespaLand 2021”.

Во јули, август и септември, во рамки на фестивалот ќе се одржуваат едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а ќе има и многу сценски изведби, како и изложби. За овој период, во континуитет со 11 настани ќе бидат посетени 6 села, а ќе се поминат повеќе од 200 километри во природа и ќе бидат разубавени 11 македонски локации.

Отворањето на мултимедијалниот фестивал “PrespaLand 2021” е овој викенд, на 10.07 (сабота) одбележувајќи го првиот час по македонски јазик кој се одржал во старото училиште „Димитар Влахов”, во с.Љубојно. На таа локација, со почеток од 18 часот посетителите ќе имаат можност да ги вкусат традиционалните, преспански рецепти. На настанот ќе настапат музичката група “Перија” и виртуозот на канон и саз, Џенгиз Ибрахим, а посетителите ќе уживаат и во читателите на поезија – Елена Пренџова, Игор Трпчески-Трпе, Марија Грубор и Горазд Китаноски-Кени од Поетри слем Македонија.

Следниот ден, на 11.07 (недела) на плажата Сливница (Конект Бар), со почеток од 20:30 часот, свои концерти ќе имаат дуото Дац и Александар и македонскиот романтичар Владо Јаневски.

Влезот за сите настани е бесплатен. Ве очекуваме!

Можеби ќе ве интересира: