Никола Зацески го промовираше првиот сингл од новиот проект, преработка на безвременската „Лихнида” на Ефто Пупиновски.
„Длабоко од моето срце и душа произлезе инспирацијата за овој проект, а особено ми е драгоцен, бидејќи и јас ќе дадам мал допринос во збогатувањето
на нашиот мозаик на македонски песни, кои треба вечно да бидат препејувани
и слушани од сите наши нови генерации.
Се надевам ќе уживате во нашата магична бајка“, вели Зацески.
Подготви: Редакција Музика24
