Фестивали

Спектакл во Битола: Сергеј и Хари настапија со Камерниот оркестар (Галерија)

Вчера вечер на Ракометното игралиште во Битола се одржа концертот „Поп симфонија“, во рамки на фестивалот „Балкан гала“. Камерниот оркестар на Битола во придружба на познати поп-изведувачи од земјава и регионот пред битолската публика ги изведе некои од најпознатите поп-хитови, но во симфониски аранжман. Новиот аранжман е дело на Владимир Димовски и Емин Џијан.

Ѕвезди на вечерта беа Хари Варешановиќ и Сергеј Четковиќ. Покрај нив со Камерниот оркестар на Битола настапија домашните музички ѕвезди: Дарио Панковски, Елена Ристеска, Димитар Андоновски, Ѓоко Танески и Мијата.

Ова беше прв настап на Четковиќ во Битола, додека Хари настапувал пред битолската публика 20-тина пати. Варешановиќ откри дека неговиот прв настап како пионер, бил токму во Битола.

Утре вечер (11.07) на Ракометното игралиште ќе се одржи третиот и последен концерт на фестивалот „Балкан гала“. Камерниот оркестар ќе изведе „Електро симфонија“. Специјален гостин на последната вечер од фестивалот е прогласениот за најдобар диџеј Terry Francis (Велика Британија).  Се работи за необична, различна и уникатна програма во која учество имаат многу наши и странски артисти како: Маги Џанаварова (Бугарија), Love Itoya (Грција), Наде Талевска, Виктор Апостоловски, Дина Јовановска, Рената Кралевска, Мартина, Сара Гигова, Огнен Димовски и Стефанија Милевска.

Фото: Ивана Христова

Можеби ќе ве интересира: