По повод јубилејот 25 години од првиот концерт на „Фолтин“ и секако промоцијата на најновото студиско издание „Симултан бакнеж“ ќе се одржат три концери на „Фолтин“.
На 25.07 на летната сцена на Центар за култура – Струга, 29.07 на летната сцена на Центар за култура – Прилеп и 31.07 Амфитеатар – Велес.
Концертите се финансиски поддржани од Министерство за култура и се во соработка со Центрите за култура од наведените градови и Општина Велес. Ќе се свират најновите и најубавите стари песни. Почетокот е во 21:00 часот а влезот е бесплатен.

