Како што веќе објавивме, на 21-ви јули ексклузивен концерт на Ракометно Игралиште во Битола ќе одржат легендарниот хард рок состав „Дивље јагоде“. Основан во 1978 година, а предводен од легендарниот Зеле Липовача, бендот зад себе има голем број на хитови како: „Jedina Moja“, „Krivo je more“, „Ne zelis kraj“, „Kako si toplа I mila“, „Zauvek tvoj“, „Marija“, „Motori“ итн.
Влезници по цена од 500 денари се во продажба од 7-ми јули преку mktickets.mk и karti.com.mk. А од сега и на следниве продажни места во Битола: Тобако „Димпо“ (Нов пазар, кај Гроздот, Ленски мост),Тобако „Бродерс“ (Широк Сокак), и Тобако „Дарија – Тим“ (Шик Лавци). Обожавателите од Прилеп, влезници може да набават во „Bros’ Burgers“. Бидејќи бројот за посетители е ограничен, доколку останат достапни влезници на денот на концертот истите ќе се по цена од 700 денари на билетара.
„Нудиме музика и добри забавни настани за сите. Кај нас концертите се класични, сакаме народот да го расположиме по сето ова што ни го донесе пандемијата, и секако по долгите периоди без музички настани, не само кај нас, туку и во целиот свет. Очекуваме голем интерес за концертите, веруваме дека музичкиот избор е на место, бидејќи се работи за естрадни имиња чија музика се слуша со генерации“, изјавија од Сцена продукција.
Концертот се организира со поддршка на Општина Битола и Казино „Адмирал“.
