Музика на кирилица

Уникатно добредојде: Моторџии ги пречекаа „Дивље јагоде“ во Битола (Видео)

Култниот босански хард рок состав „Дивље јагоде“, доцна синоќа пристигна во Битола за денешниот концерт на Ракометното игралиште. “Дивите јагоди“ предводени од Сеад Липовача – Зеле на влезот на Битола ги пречека колона моторџии од мото клуб „Конзули“ која ги придружуваше до нивниот хотел.

Вечерва со почеток во 21 часот, најголемите хитови на бендот ќе ги изведат вокалите Тони Јанковиќ и Ливио Берак, тапанарот Емил Крањиќ, Испан Андраш – бас-гитара, Дамјан Деуриќ – клавијатури, Теодора Влаховиќ како придружен вокал, а се разбира предводени од легендарниот Сеад Липовача – Зеле.

Вратите за публиката се отвораат во 20 часот, а атмосферата од 20.15 до почетокот на концертот ќе ја загреваат охриѓаните „French olives“ со нивниот фронтмен Александар Јосифовски. Тие спремија одличен репертоар за загревање… па затоа бидете на Ракометно еден час порано.

Видео: Сцена продукција / Livestream.mk/ Стојан Стојановски

Можеби ќе ве интересира: