Еден од најреномираните македонски етно-бендови „Љубојна“, големиот јубилеј 20 години на сцената го прославија со концерт во градот во кој настана групата – Битола. Концертот беше во организација на Сцена продукција, а се одржа на Ракометното игралиште. Концертот започна со антологиската „Елено ќерко Елено“ а потоа се нижеа песните од богатиот репертоар.
Овој концерт посветен на 20-от јубилеј на бендот е дел од новиот авторски репертоар на „Љубојна“, а публиката имаше можност да ужива и во своите омилени хитови. Гости на сцената беа Давор Јордановски и Благојче Трајковски. Јордановски е наш познат музичар кој 20-тина години живее и твори во Канада, а со кој „Љубојна“ соработува подолго време и веќе имаат заедничка песна која публиката имаше можност премиерно да ја чуе. Концертот се реализираше со поддршка на Министерството за култура и Казино Адмирал.

