Балканленд

Тејлор Свифт прогласена за најплатена музичарка за 2020-та година

Американската поп-пејачка Тејлор Свифт се најде на врвот на Билборд топ-листата најплатени уметници за 2020-та година, со над 23 милиони долари приходи.

По бурната година на откажани концерти и какви било настапи во живо, поради корона пандемијата, музичката ѕвезда се врати на списокот американски „музички парајлии“, со вкупно 23,8 милиони долари. Тоа сепак е помалку за 99,6 милиони, кога последен пат беше на врвот на оваа листа, во 2018-та година.

Ова е првпат во историјата на музиката, турнеите на најуспешните уметници да не придонесат за тоа кој е на врвот на топ листите. За своето прво место, Билборд проценува дека Тејлор заработила 10,6 милиони долари од стрим услуги, 10 милиони од продажба на постари дела и 3,2 милиони од издавање нова музика.

Можеби ќе ве интересира: