Фестивали

Македонија ќе учествува на Детска Евровизија 2021

МРТ потврди дека Македонија ќе учествува на овогодинешната Детска Евровизија. Натпреварувањето е закажано за 19-ти декември во „La Seine Musicale“, Париз. Земјава се враќа на натпреварувањето по 1 година пауза поради пандемијата. До денес, 13 земји го потврдиле своето учество: Франција, Грузија, Германија, Ирска, Холандија, Полска, Португалија, Србија, Малта, Македонија, Шпанија, Русија и Украина.

Информации за селекцијата и претставникот не се објавени. Македонија учествува од првото издание на Детска Евровизија, а најдобар пласман имаше во 2007-ма и 2008-ма година кога се најдовме на 5-то место. Последен македонски претставник беше Мила Москов во 2019-та година, кога се пласиравме на 6-то место.

Можеби ќе ве интересира: