Претходните две вечери, во организација на Авалон продукција во Античкиот театар – Охрид и битолска Хераклеа свои концерти одржа легендарниот состав „Бајага и Инструктори“. И покрај големиот капацитет, двата антички театри беа исполнети со обожаватели од сите генерации. Два и пол часа публиката на нозе и во еден глас ги пееше старите добри хитови: „Тишина“, „Плави сафир“, „Моји другови“, „Песна против малери“, „Добро јутро“… како и поновите песни од последниот албум „Овај свет се мења“. Како и секогаш помеѓу песните легендарниот Живорад Миленковиќ – Жика ја забавуваше публиката со своите досетки. И покрај богатата сет листа за двата концерти, враќањето на бис беше неизбежно и во Охрид и во Битола.
Составот кој речиси воопшто не се менувал низ децениите приреди убава атмосфера и беше вистинско уживање за публиката која во Охрид и Битола дојде од сите околни градови. Ова е уште една потврда дека старите југословенските ѕвезди и после децении на сцената сеуште се актуелни и публиката желно ги исчекува.
Фото: Емил Јовановиќ / Саше Богоевски









