По повод големиот македонски национален и православен празник, Илинден, нашиот познат пејач – рапер Драган Величковски, попознат под сценското име Tyzee (Тајзи) ги почести своите фанови со нова песна и спот.
Како автори на музиката се потпишуваат Лазар Цветковски, Тајзи и Кристијан Николов, аранжманот на Цветковски и Сајов, а автор на текстот е самиот Тајзи преку кој го отсликува парадоксот на времето во кое живееме. Видео реализацијата е дело на младиот и веќе докажан режисер Даниел Јовевски, а истиот е сниман на Мечкин Камен, Македониумот, Галеријата на Никола Мартиновски во Крушево и во Музејот на македонска борба во Скопје.
Во видеото за песната „Парадокс“, покрај Тајзи се појавува и моделот Андријана Илиевска, во креации на нашиот познат дизајнер Златко Јовановски – ЈЗЈ, покрај традиционалните народни носии кои се совршено стилизирани.
Подготви: Редакција Музика24
